Сè подобра ситуацијата во Италија: Бројот на новозаразени и починати опаѓа, додека бројот на излечени е во пораст

Точка

21/05/2020

20:23

1.585

Големина на фонт

а а а

Бројот на новозаболени и починати од коронавирус во Италија на дневно ниво продолжува да опаѓа, додека бројот на луѓе кои закрепнале се зголемува.

Потврдени се нови 642 случаи на инфекцијата, а за 24 часа починале 156 луѓе, соопштила денес Агенцијата за цивилна заштита. 

Од почетокот на пандемијата на 21-ви февруари починале 32.486 лица, така што според бројот на жртви Италија е на третото место во светот САД и Велика Британија.

Според бројот на заразени, 228.006, Италија е шеста земја во светот. Закрепнале 134.560 пациенти, што е за две илјади повеќе отколку вчера.




Спонзорирани линкови

Маркетинг