Продуцентите изреволтирани: 22-минутен секс од серијата „Normal People“ објавен на „Pornhub“

Точка

21/05/2020

16:32

5.855

Големина на фонт

а а а

Продуцентите на серијата „Normal People“ морале да побараат од Pornhub да ги отстранат сцените од серијата. После нивната интервенција 'сочното' видео е отстрането.

Минатата недела, некој на најпознатата страница за возрасни вчитал 22-минутен секс од серијата, пренесува „Variety“.

„Разочарани сме што некој ги искористил сцените од серијата на тој начин. Освен што е прекршување на авторски права, уште полошо е непочитувањето кон актерите и креативниот тим на серијата“, порачал извршниот продуцент Ед Гини.

„Ги преземавме неопходните мерки за видеото веднаш да се отстрани од таа платформа“, додал тој.


Потпретседателот на Pornhub, Кори Прис, тврди дека видеото веднаш го отстраниле од нивната страница.

„Pornhub се придржува до законот. Ги почитуваме авторските права и штом сфативме дека таква снимка е објавена кај нас, веднаш ја отстранивме“, додал тој.

Серијата која се емитува на „BBC“, минатата недела се најде во центарот на вниманието на медиумите, поради 41-минутниот експлицитен секс, а гледачите тврдат дека е навистина реален.




Спонзорирани линкови

Маркетинг