Чулев: Полицајците заслужуваат награда, Спасовски брзо заборави за нивната пожртвуваност

Макфакс

21/05/2020

15:34

921

Големина на фонт

а а а

Денешната изјава на Министерката за финансии Нина Ангеловска е уште еден доказ за негрижата на Владата предводена од Оливер Спасовски за вработените во Министерството за внатрешни работи, се наведува во ракцијата на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Министерката Ангеловска денес кажа дека при правење на ребалансот, Чулев доставил предлог за кратење од 88 милиони денари во МВР и дека во моментов нема можност за делење награди.

Чулев пак смета дека со ваквата изјава Ангеловска јавно го кажала тоа што во суштина го мисли Оливер Спасовски.

„Оливер Спасовски во изминатиот период постојано потенцираше дека стандардот на полициските службеници е важен, но веројатно само кога тој е на чело на Министерството за внатрешни работи. Грижата за нив и за нивните плати заврши во моментот кога тој замина од МВР. За Оливер Спасовски и министрите во Владата маргинален е фактот дека полициските службеници, деноноќно и неуморно застанаа во одбрана на здравјето на граѓаните на нашата држава“, нагласува актуелниот министер за внатрешни работи.

Тој ги повикува полициските синдикати јавно да се спротивстават на одлуката која Владата има намера да ја донесе, а со која нема да се прифати неговио предлог за награда од 15.000 денари линеарно и еднократно за секој вработен.

„Во врска со денешната изјава на Ангеловска дека предлогот за кратење е доставен од моја страна, напоменувам дека до сега од буџетот на МВР се скратени околу 5 милиони евра и кратењето е направено на барање на Министерството за финансии, а за потребите на ребалансот на буџетот. Ова кратење го направивме така за истото да има најмал негативен ефект врз вработените“, посочува Чулев.

Тој е убеден сум дека наградата која ја предлага за вработените во МВР е повеќе од заслужена и дека истата ќе влијае мотивирачки врз понатамошниот ангажман на полициските службеници во врска со коронавирусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг