Црни прогнози за Јужна Африка! До крајот на годината три милиони заразени со Ковид-19?

Точка

21/05/2020

15:45

1.589

Големина на фонт

а а а

Во Јужна Африка до крајот на годината со коронавирус би можеле да бидат заразени 3 милиони луѓе, додека како последица од болеста би можеле да починат 50.000 пациенти, со оглед на тоа дека зимата на јужната хемисфера би можела да донесе до пораст на стапката на заразеност, предвидуваат научниците.

Јужноафриканската република досега бележи најголем број на заразени на континентот - повеќе од 18.000, додека од Ковид-19 од почетокот на пандемијата починале 339 лица. 

Земјата моментално влегува во шестата недела откако се на сила мерките за карантин, воведени со цел да се забави ширењето на вирусот.

Меѓутоа, научниците предвидуваат дека до ноември во оваа држава би можело да има меѓу 35.000 и 50.000 смртни случаи.

Вкупниот број на заразени во тој период би можел да скокне на 45.000, што е за десет пати повеќе од бројот на кревети на одделенијата за интензивна нега.

Освен тоа, експертите стравуваат дека фокусот на пандемијата на коронавирусот би можел да ја загрози борбата против другите болести кои се застапени во оваа земја, како што се туберкулоза и ХИВ:

Истражувањата покажуваат дека рестриктивните мерки во Јужна Африка ја намалиле стапката на заразеност за 60 проценти, како и дека од почетокот на мај, кога дошло до ублажување на мерките, тој број спаднал на 30.




Спонзорирани линкови

Маркетинг