Во Словенија нема нови случаи на коронавирус

Макфакс

21/05/2020

12:35

850

Големина на фонт

а а а

Во Словенија во изминатите 24 часа починало едно лице од коронавирус, со што бројот на смртни случаи се искачи на 105. Во истиот период нема нови случаи, а тестирани биле 909 лица.

Бројот на потврдени случаи на коронавирус е 1.468. Вчера беше потврден само еден случај.

Според најновите податоци што ги објави словенечката Влада, во болница се лекуваат 21 пациент. На одделенијата за интензивна нега се лекуваат тројца пациенти.

Во Словенија досега се тестирани 72.860 лица.

Словенија е една од првите земји во Европа што прогласи крај на епидемијата, но некои мерки сè уште остануваат на сила.



Спонзорирани линкови

Маркетинг