Мицкоски-Галовеј: Здравјето на граѓаните на прво место

Макфакс

14/05/2020

17:35

832

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес оствари видео разговор со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј.

Во разговорот стана збор за здравствената и економска криза, како и за политичката состојба во државата.

„Мицкоски посочи дека Република Македонија се соочува со тешка здравствена состојба, како и економска криза која државата ја става во незавидна состојба. Стопанството е преполовено и очекува реална поддршка од Владата која во моментот не ја добива. Мицкоски посочи дека е несериозно однесувањето на Зоран Заев и СДСМ кој лицитира со датуми за избори додека се бројат жртвите од корона кризата. Првенствено потребно е да се заштити здравјето на граѓаните а потоа да се обезбедат гаранција за безбедни избори“, соопштија од партијата.

„Зоран Заев наместо да се бори за помал пораз на изборите, треба да се бори заеднички за заштита на здравјето на граѓаните. Заев ќе изгуби на изборите, но прво треба да е здравјето на граѓаните“, истакнал претседателот Мицкоски.

Тој кажал дека е за развивање на стратешкото партнерство со Велика Британија и унапредување на взаемната поддршка и соработка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг