Ова се најчестите симптоми на заразените во Европа

Точка

14/05/2020

21:10

3.985

Големина на фонт

а а а

Главоболка и загуба на чувствата за мирис се најчестите симптоми на коронавирусот кај заболените во Европа, покажуваат резултатите од истражувањето на институтот “IFOS” од Франција.

Истражувањето покажало дека болеста се манифестира во различни облици, а кои симптоми ќе се појават зависи од староста и полот на заболениот. 

Резултатите од истражувањето покажале зачестеност на овие симптоми, кои не биле забележани во тестирањата на пациентите во Азија, пренесува "Index".

Заклучокот на овој научен експеримент, изведен на повеќе од 1.400 пациенти кои имаат благ или умерен облик на болеста, е дека седум од десет заболени ги имаат тие два симптома.

Истражувањето, извршено во пет европски земји, Франција, Белгија, Италија, Шпанија и Швајцарија, потврдува дека загубата на чувството за мирис е еден од специфичните симптоми на covid-19, и тоа не само како последица на затнат нос.




Спонзорирани линкови

Маркетинг