Сорос за коронавирусот: Ова е криза на животот, неверојатно е колку земји не беа подготвени за пандемијата...

Точка

14/05/2020

21:27

4.438

Големина на фонт

а а а

Милијардерот Џорџ Сорос ја нарече пандемијата на коронавирусот и последиците „настан без преседан“ кој донесе неизвесни последици по иднината на капитализмот.

„Ова е криза на мојот живот. Уште пред пандемијата сфатив дека сме во револуционерен момент во кој тоа што беше невозможно и незамисливо во нормални времиња, стана не само можно, туку и апсолутно неопходно“, изјави Сорос и додаде:

„Пристигна Ковид-19 кој тотално ги поремети животите на луѓето и побара значително поинакво однесување. Тоа е единственото случување кое веројатно никогаш се нема случено во ваква комбинација и навистина го загрозува опстанокот на нашата цивилизација“, изјави унгарскиот милијардер.


Тој смета дека е неверојатно тоа колку светот не беше подготвен за пандемијата ако се земат во предвид претходните искуства со разни болести во минатото.

„Пандемиите беа чести во 19-ти век, имавме три бранови на Шпанска грозница, при што вториот беше најсмртоносен. Милиони луѓе починаа, а имавме низа на други сериозни епидемии како свинскиот грип пред десет години. Поради тоа е неверојатно колку земјите не беа подготвени за вакво нешто“, изјави Сорос.

Милијардерот истакна дека не верува дека некој знае како ќе еволуира капитализмот, но сигурен е во еден исход.


„Нема да се вратиме таму каде што бевме кога започна пандемијата. Тоа е сигурно“, изјави Сорос кој смета дека ќе биде потребно многу време за успешен развој на вакцината.

Фондацијата „Отворено општество“ на Сорос донираше 130 милиони долари за сузбивање на ширењето на коронавирусот и ублажување на последиците за ризичното население и имигрантските семејства.



Спонзорирани линкови

Маркетинг