Заев до Галовеј: Државата покажа подготвеност за справување со коронавирусот

Макфакс

13/05/2020

17:58

793

Големина на фонт

а а а

Претседателот на СДСМ Зоран Заев имаше видео средба со амбасадорката на Британија во земјава, Рејчел Галовеј.

Тие разговараа за глобалната закана од пандемијата со коронавирусот, последиците од неа врз економијата, како и демократските процеси во Република Северна Македонија и претстојните парламентарни избори.

Заев и` соопшти на амбасадорката дека сите капацитети на државата, на општеството, но и на СДСМ како одговорна партија се ставени во заштита на здравјето на граѓаните и спречување на ширењето на вирусот, како највисок приоритет.

Покрај обезбедување на здравјето, додаде Заев дејствувањето на СДСМ е фокусирано и на изнаоѓање мерки и политики кои имаат за цел да ги санираат економските последици од коронавирусот економијата и да создадат нова, брза економија со интензивен раст за побрзо надминување на кризата.

Заев посочи дека СДСМ и преку Владата и преку институциите во кои е дел е посветена на градење на силна демократија, со силни и капацитетни институции, и оттаму во ситуација кога државата е без Собрание и со преодна Влада, дополнително се наметнува потребата од одржување избори штом пандемијата спласна.

Од страна на амбасадорката Галовеј беше поздравен високиот степен на транспарентност и отвореност на институциите за време на пандемијата, како и нивната посветеност во борба со здравствените закани од коронавирусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг