Вработен во германско министерство предизвика скандал: На 80 страни ја напиша „вистината“ за коронавирусот

Точка

12/05/2020

21:22

8.282

Големина на фонт

а а а

Еден вработен во германското Министерство за внатрешни работи на своја рака составил обемен документ во кој ги критикува мерките на властите во врска со коронавирусот, по што веднаш бил суспендиран.

Како што дознава “Der Spiegel”, инсајдерот од Министерството за внатрешни работи на Германија работел во одделение кое се занимава со кризен менаџмент и не е дел од кризниот штаб кој се занимава со актуелната пандемија. Овој човек на своја рака до голем број на електронски адреси испратил документ од 80 страници на кој бил ставен печатот на министерството.


Тој во писмото пишува за „глобален лажен аларм“ и тврди дека за време на пандемијата, државата станала „еден од најголемите производители на лажни вести“. Тој вели дека „од коронавирусот најчесто починуваат лица кои статистички би починале оваа година затоа што стигнале до крајот на животот и нивните ослабени тела не можат да се одбранат од секојдневните оптоварувања (меѓу кои има околу 150 вируси кои моментално кружат)“.

За рестриктивните мерки кои ги воведе германската влада тој заклучува: „Колатералната штета во меѓувреме е поголема отколку од видливата корист“.

Германските медиум писмото го нарекоа „пикантен“ проблем за Министерството за внатрешни работи и ветер во грб на теориите на заговор. Од германското министерство порачаа дека писмото е „приватно мислење“ и „самостојно направена анализа“, а како што дознава “Der Spiegel”, лицето веднаш било суспендирано.

Во соопштението на германското министерство се додава дека многу земји ширум светот вовеле построги мерки за сузбивање на пандемијата: „Развојот на заразата во Германија досега е прилично низок во споредба со меѓународниот. Преземените мерки делуваат“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг