Спасовски на Самитот ЕУ/Западен Балкан: Подготвени сме да ги почнеме преговорите согласно новата методологија

Макфакс

07/05/2020

09:45

774

Големина на фонт

а а а

Премиерот Оливер Спасовски учествуваше во работата на Самитот на ЕУ и Западен Балкан преку видео конференција, кој оваа година се одржува во организација на Хрватска како актуелен претседавач на Европската Унија.

На самитот, лидерите на земјите членки на Европската унија и лидерите за земјите од Западен Балкан дискутираа за соработката за справување со коронавирус КОВИД-19, за европската перспектива на земјите од Западен Балкан, како и посветеноста на земјите од Западен Балкан на европските вредности и реформи.

„Северна Македонија во последните три години реши сериозно да заврти нови страници во својата историја. Излеговме од длабока политичка криза и ги возобновивме демократските институции и владеењето на правото. Испорачавме конкретни и одржливи резултати во спроведувањето на ЕУ поврзаните реформи и во добрососедските односи. Станавме 30-та членка на НАТО и под ваше водство добивме одлука за почеток на ЕУ пристапните преговори. Подготвени сме за следните чекори и ќе работиме посветено со Комисијата и ЕУ Советот што поскоро да ја закажеме Првата Меѓувладина конференција која ќе го означи практичниот дел од преговарачкиот процес согласно новата методологија“, рече Спасовски.

Тој кажа дека Северна Македонија ќе остане посветена на фундаменталните реформи и ќе продолжи да придонесува за Европската безбедност.

„Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство со Бугарија се нашиот влог во идната заедничка Европска иднина при што ќе биде од исклучително значење да продолжиме да ги спроведуваме со добра волја подеднакво од наша страна како и од страна на засегнатите земји членки“, рече Спасовски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг