Бројот на новозаразени во Италија е во постојан пад

Точка

02/05/2020

20:51

2.183

Големина на фонт

а а а

Во Италија, во последните 24 часа од компликации поврзани со коронавирусот починале 474 луѓе, а дополнително се заразени уште 1.900.

Со ова, бројот на пријавени случаи на Ковид-19 во таа земја се зголеми на 209.328, а на починати на 28.710.

Ова е втор ден по ред, бројот на новозаразени во Италија да е помал од 2.000. Сепак, во просек, кривата на нови инфекции постепено опаѓа уште од почетокот на април.

Така, на крајот на март, дневниот број на нови случаи варираше меѓу 4.000 и 6.000, а на почетокот на април помеѓу 3.000 и 4.800. Во последните денови од април, дневниот број на новозаразени беше меѓу 1.800 и 2.400.



Спонзорирани линкови

Маркетинг