Во земјата со повеќе од милијарда жители во април не е продаден ниеден автомобил

Точка

02/05/2020

16:10

4.052

Големина на фонт

а а а

Поради рестриктивните мерки со цел сузбивање на епидемијата на коронавирусот, продажбата на нови автомобили во Индија е сосема сопрена.

Како и многу други економски гранки, и автомобилската индустрија во април била тешко погодена од пандемијата. Мерките кои го донеле владите на државите ширум светот и промените на приоритетите на потенцијалните купувачи довеле до голем пад на продажбата на нови автомобили во повеќето земји. 

Ваквата ситуација најмногу се одразила на индискиот автомобилски пазар, каде во април не бил продаден ниеден патнички автомобил, пренесува локалниот "Business today".

На тоа влијаеле и драстичните карантински мерки, големиот пад на порабувачката за патнички возила, како и целосното затворање на продажните салони.

Кога станува збор за продажбата на нови автомобили, на катастрофалниот април му претходел и прилично лош март.

Во тој месец продажбата веќе била значајно намалена во однос на истиот период во 2019-та година. Најголемиот индиски произведувач на автомобили, "Maruti Suziki", во март испорачал 76.240 возила, со пад од 47,4 проценти на годишно ниво.