Во Кина само еден нов случај на коронавирус

Точка

02/05/2020

14:45

878

Големина на фонт

а а а

Кина пријави само еден нов случај на коронавирус на 1-ви мај, додека еден ден претходно во земјата биле регистрирани 12 нови случаи, откриваат информациите на здравствените власти.

Како што соопштија од Националната здравствена комисија, новиот случај е увезен, додека еден ден претходно биле „увезени“ шест случаи. Кинеските власти пријавија дека меѓу тие случаи на коронавирус, немало локална трансмисија.

Од Националната здравствена комисија на Кина исто така пријавија 20 нови асимптоматски случаи на 1-ви мај, додека еден ден претходно беа регистрирани 25.


Вкупниот број на потврдени случаи во земјата се искачи на 82,875, а како последица на вирусот починаа 4,633.

Да потсетиме, пандемијата на коронавирусот започна да се шири од кинескиот град Вухан во провинцијата Хубеи. Од избивањето на пандемијата кон крајот на минатата година, досега се регистрирани над 3,4 милиони заразени и над 240 илјади починати.



Спонзорирани линкови

Маркетинг