Бизнисмен му напиша на Трамп дека може да произведе респиратори: Веднаш доби 69 милиони долари, но не испорача ниту еден!

Точка

30/04/2020

18:45

5.358

Големина на фонт

а а а

Државата Њујорк му платила на компанија на инженер од Сан Франциско повеќе од 69 милиони долари за 1,450 болнички респиратори кои никогаш не ги доби.

На компанијата „Орен-Пајнс“ која се верува дека е во сопственост на Јарон Орен-Пајнс, на 30-ти март ѝ биле исплатени 69,1 милион долари за респиратори чија поединечна цена изнесувала 47,650 долари, односно три пати повеќе од вообичаената цена за најсовремениот модел.

Како што пренесува „Њујорк Пост“, еден месец подоцна државата Њујорк го раскинала договорот и сега се обидува да ги добие парите назад. Портпаролот на њујоршката Канцеларија за општи услуги за американските медиуми изјави дека „дел од парите ѝ се вратени на државата“, не прецизирајќи колку всушност пари се вратени.

Американските медиуми наведуваат дека има големи нејаснотии околу тоа како „Орен-Пајнс“ е избран, посебно поради тоа што е познато дека Јарон Орен-Пајнс е инженер специјализиран за технологија за мобилни телефони, без никакво искуство во областа на медицинската опрема.

Инженерот Јарон Орен-Пајнс бил меѓу стотиците лица кои на 27-ми март одговориле на твитот на американскиот претседател Доналд Трамп кој ги повика “Ford” и “General Motors” веднаш да започнат да произведуваат респиратори.

„Ние можеме да обезбедиме респиратори. Некој нека ми се јави итно“, напиша Орен-Пајнс кој потоа бил препорачан од страна на работната група за коронавирусот во Белата куќа.