Еколог со поддршка на образованието, донира илјадници таблет компјутери низ Република Северна Македонија

Точка

27/04/2020

09:51

1.090

Големина на фонт

а а а

За време на пандемијата со која се соочуваме, Еколог Интернешнл доаѓа со донација која има за цел да го ублажи предизвикот на многу ученици, кои заради пандемијата мораат онлајн да ја следат наставата, но не се во можност да го сторат тоа поради недостаток на соодветна дигитална опрема.

Оваа за нас значајна донација, беше проектирана, од страна на Еколог, со помош на посветен тим во последните две недели. За овој проект, Еколог им се заблагодарува и на државните институции за нивниот придонес во анализата на сите општини во Република Северна Македонија, и добивањето на информациите за случаите кои имаат недостаток на дигитални уреди за следење на онлине наствата. Врз основа на ова, беше решено проектот да биде дизајниран за да ги опфати општините кои имаат потреба за истите , почнувајќи од Скопје, Тетово, Гостивар, Битола, Кичево, Охрид, Струга, Дибра, Прилеп, Куманово, Велес, Велес, Струмица, Гевгелија и продолжувајќи до рурални делови на земјата.

Проектот има за цел да им излезе во пресрет на најитните случаји на државно ниво , кои имаат потреба за дигитални уреди за учениците да ја следат онлајн наставата. Во текот на оваа недела, дистрибуцијата ќе продолжи и во сите други градови и рурални места, и истата ќе биде поделена во неколку фази, започнувајќи од Скопје.

Во врска со оваа иницијатива, филантропот Лазим Дестани рече:

„Оваа донација е наменета за учениците кои останаа надвор од образовниот процес, заради недостаток на дигитални уреди. Една од најважните работи што можеме да ја направиме заеднички за време на кризата на „ Ковид-19 “, е да се осигураме дека иднината на оваа земја, децата, ќе продолжуват наставата без пречки“.

Додека од менаџментот на компанијата, што се погрижи овој проект да биде реализиран на најдобро можно ниво, рекоа дека проектите посветени за децата и за учениците, го сочинуваат главениот дел на филозофијата за општествената одговорност на компанијата.

 „Овој проект беше еден редок логистички предизвик, но и посебна мотивација. Исклучително сме задоволни што и покрај тешкотиите поради нефункционалноста на пазарот, успеавме да го финализираме проектот за снабдување на неколку илјади електронски уреди, за деца кои имаат потреба низ целата држава. Помошта за семејствата и радоста на лицата на децата е нашето најголемо задоволство “.

Екологот како и секогаш ќе продолжи да ги воздигнува вредностите како и целите за одржлив развој на нашето општество во сите области.




Спонзорирани линкови

Маркетинг