Ким Јонг Ун единствено нејзе ѝ верува во целост: Цел свет верува дека Ким Јо Јонг е следната владетелка на Северна Кореја

Точка

21/04/2020

13:53

5.074

Големина на фонт

а а а

Странските медиуми пишуваат дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун е во тешка здравствена состојба по операцијата на срцето, иако Северна Кореја го негира тоа.

Во случај наводите на странските медиуми да се точни, личноста која би можела да го наследи е неговата сестра Ким Јо Јонг. Сè е секако на ниво на шпекулации бидејќи Ким не го прецизирал јасно планот за ваква ситуација. 

Која е Ким Јо Јонг? 

Минатата година помладата сестра на севернокорејскиот лидер го привлече вниманието на јавноста на Западот, па се пишуваше за неа по кратката средба на Ким Јонг Ун со претседателот на САД, Доналд Трамп во демилитизираната зона.


Меѓутоа, за нејзиното влијание во земјата како и влијанието кое го има врз нејзиниот брат веќе се пишувало. Таа беше единствената жена која присуствуваше на преговорите на делегациите на Северна и Јужна Кореја и тогаш во јавноста се зацврсти впечатокот дека му е најблиска соработничка на Ким и втората најмоќна фигура во земјата.

Нејзиниот углед и влијанието во јавноста константно растат од 2014 година кога ја добила клучната улога заменик-директор на режимското одделение за пропаганда и агитација на Работничката партија, а се ширеа гласини и дека накратко ја водела државата во 2014 година додека Ким Јонг Ун во 2014 закрепнуваше од гихт или дијабетес.


Дипломатите ја опишуваат како жена која одлично се снаоѓа со странските јазици, но е и исклучително шармантна и невообичаено опуштена. Во прилог на ваквите тврдења одат и снимките и фотографиите на кои секогаш оддава впечаток на видно поопуштена личност за разлика од останатите државници и политичари со кои е опкружена.


За нејзе малку се знае – има 31 година, а во 2014 година стапила во брак со синот на еден истакнат политичар од земјата, Чо Сонг.

Се зборува дека во 2015 година добила дете, но тоа никогаш не е официјално потврдено.



Спонзорирани линкови

Маркетинг