Независната пратеничка група: Празничните денови поминете ги со љубов во срцата и мир во душата

Макфакс

19/04/2020

14:22

1.106

Големина на фонт

а а а

Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, на сите православни верници им посакува среќни Велигденски празници.

„Во овие денови, во кои на сите ни треба надеж да се присетиме на победата на Животот над Смртта, да го славиме Христовото воскресение и со верба да се молиме за побрзо надминување на предизвиците. Во здравје и хармонија, поминете ги овие денови бериќетно и среќно. Со љубов во срцата и мир во душата, молитвите од дома да ги упатиме кон Бога, да ги чува здравствените работници, полицијата и војската кои се грижат за нас во овие денови. Нека вашите домови бидат исполнети со љубов и задоволство. Честит Велигден, Христос Воскресе“, се вели во честитката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг