Хакиран е Zoom, протекоа податоци на повеќе од половина милион корисници...

Точка

15/04/2020

17:29

2.744

Големина на фонт

а а а

Популарната платформа за одржување на состаноци на интернет се најде на удар на хакерите.

Платформата Zoom за кратко време, во текот на пандемијата на коронавирусот стана омилено место видеоконференции на интернет.

Разни компании, училишта и други организации масовно одржуваат состаноци на оваа платформа чија бесплатна верзија нуди групни состаноци до 100 ученици и максимално траење на сесија од 40 минути.

Поради големата популарност, оваа платформа се најде на мета на хакери, а „Форбс“ пренесува дека се компромитирани податоците на повеќе од 500 илјади корисници. Аналитичарите на компанијата за сајбер безбедност “Cyble” успеале на „дарк веб“ да ги пронајдат и купат податоците на 500-те илјади корисници за малку пари, а голем дел од нив ги добиле и бесплатно.


Од компанијата откриваат дека меѓу податоците има лозинки, URL линкови од состаноците, како и „клучевите“ на организаторите.

Засега не е познато како хакерот кој ги продавал податоците на „дарк веб“ форум, успеал да ја пробие платформата.