Експертите издадоа рок за враќање на животот во нормала кој на многумина нема да им се допадне: „Ќе биде многу тешко“

Точка

11/04/2020

16:23

18.931

Големина на фонт

а а а

Научниците стравуваат дека нема да има можност да се искорени Ковид-19, па моментално рестрикциите мора да бидат насила сè додека не се појави одредено решение во вид на вакцина.

Според зборовите на британските експерти, социјалната дистанца ќе биде неопходна сè додека не се пронајде вакцина за Ковид-19, што потенцијално значи дека контактите најмалку ќе бидат ограничени во наредните 18 месеци, за да се спречи нов бран на инфекцијата.

Британски „The Telegraph“ пишува дека враќањето на животот во нормала се очекува да биде дури наредната година, односно за 18 месеци – кога се очекува да биде пуштена во употреба и вакцината.

Експертите ја советувале владата во Велика Британија да се придржува до мерките за социјална дистанца, работа од дома сите останати мерки кои што се неопходни за моменталниот карантин.


Научниците стравуваат дека нема да има можност да се искорени Ковид-19, па третина од рестрикциите мора да бидат на сила сè додека не се пронајде решение во вид на вакцина.

Стратегиите за излегување од моменталната ситуација е децата да се вратат во училиштата и повторно да се отворат работните објекти, но со намалени контакти и намален капацитет.

„Доколку се вратиме во нормала што се однесува до работата, социјалната дистанца повторно ќе биде неопходна. Што значи дека ќе биде многу тешко по моменталната ситуација сè да се врати на старо“ – објаснуваат експертите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг