Румениге пренесе доста позитивни вести: Чекаме потврда за продолжување на сезоната…

Дерби

09/04/2020

12:39

554

Големина на фонт

а а а

Многумина останаа зачудени кога германските клубови се одлучија да се вратат на тренинзите кои се изведуваат со посебни правила поради коронавирусот.

Сега, по изјавата на првиот човек на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге станува јасно зошто Германците побрза да се вратат на тренинзите.

Имено, постојат сериозни индиции дека сезоната во Бундеслигата ќе продолжи за точно еден месец од сега, на 9 мај, многу порано отколку што се предвидуваше.

– Тренираме во помали групи и ги почитуваме здравствените протоколи. Се зборува за продолжување на сезоната на 9 мај, но за тоа допрва ќе се одлучува. На терен мора да се вратиме од две причини. Првата е затоа што сакаме да добиеме шампион, клубови кои испаѓаат и кои излегуваат во Европа. Втората причина е економска затоа што ТВ правата имаат големо значење за функционирањето на клубовите. Чекмае зелено светло од страна на германската влада, - изјави Румениге.



Спонзорирани линкови

Маркетинг