Медицинска сестра премолчела дека сопругот е заразен, па направила хаос во српска болница – овој град на југ е ново жариште

Точка

09/04/2020

13:00

4.427

Големина на фонт

а а а

Овој вирус го немаат само двајцата доктори и двете медицински сестри од тоа одделение, има сомнежи дека е заразен и начелникот, а во иднина инфективното одделение таму ќе функционира како едно.

Покрај Белград, Ваљево, Чуприја, Чачак и Крушевац, новото жариште на коронавирусот е Лесковац, каде што за помалку од 17 денови откако бил забележан првиот случај, бројот на заразени пациенти пораснал на 62, од кои 30 здравствени работници, а во болницата вирусот го внела неодговорна медицинска сестра, која што премолчела дека нејзиниот сопруг има коронавирус.

Директорот на Општата болница во Лесковац, д-р Небојша Димитријевиќ, изјавил дека 35 од вработените во болницата се заразени, од кои 30 доктори, медицински сестри, техничари, додека пак останатите 5 се возачи, мајстори, хигиеничари.


„Инфекцијата дојде од една медицинска сестра која што премолча дека нејзиниот сопруг е позитивен на коронавирусот и дека има симптоми. Станува збор за неодговорност. Ние имаме опрема, апсолутно сè што е неопходно за сузбивање на инфекцијата, но тоа не вреди кога имаме такво однесување на медицинските работници.

Кога правиме анкети со вработените, тие знаат да ги премолчат контактите и слични работи. Наводно не биле во никаков контакт со некој заболен, сè додека не се појават симптомите и потоа ‘ќе се сетат’ на тоа“ – вели д-р Димитријевиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг