Астронаут кој поминал една година во вселената со совети како да ја преживееме изолацијата: Една работа не пропуштал да ја направи...

Точка

09/04/2020

09:42

5.800

Големина на фонт

а а а

Астронаутот на НАСА, Скот Кели поминал 340 денови во вселенско летало каде што бил изолиран од своето семејство и пријатели.

Со самото тоа, можеби и нема посоодветен човек кој може да не посоветува како полесно да се избориме со изолацијата и полицискиот час додека трае пандемијата на коронавирусот. Еве како Кели научил да се носи со осаменоста за време на престојувањето во малата лабораторија која кружи над Земјата.

Правилно распоредете го денот – Обидете се да го следите распоредот за секој ден доволно да работите и спиете. Важно е и да вежбате. Ако работите од дома, важно е да го почитувате работното време. Работата ќе ве чека и утре.


Пронајдете ново хоби, или освежете го старото – Времето мора да го пополните со некое хоби. Започнете да учите странски јазици со онлајн курсеви, искористете го слободното време. Или, научите да свирите музички инструмент. Тоа е добро за развивање на мозокот, за вашето здравје и продуктивност.

Закажете видео-средби со своето семејство и пријатели – Исклучително е важно да бидете во контакт со блиските, кога веќе не можеме физички да бидеме до нив. Бројни истражувања укажуваат на тоа дека за менталното здравје е добро да ги сочуваме силни социјалните врски.

„Никогаш не сум пропуштил прилика да имам видеоповик со семејството и пријателите. Го обожувам тој дел од денот“, изјави астронаутот Кели.



Спонзорирани линкови

Маркетинг