Поведена постапка за три лица што го прекршиле полицискиот час во Гостивар

Макфакс

07/04/2020

20:29

570

Големина на фонт

а а а

Гостиварското Обвинителство денеска поднесе предлози за издавање казнени налози за три лица што не постапиле според здравствените прописи и со тоа го сториле кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите во одделни кривично-правни настани се движеле пеш или со возило за време на полицискиот час во Гостивар, односно за време на важење на забраната за движење. За стореното крвично дело, надлежниот обвинител од судот побара на обвинетите да им изрече парични казни во висина од 100 дневни глоби.​




Спонзорирани линкови

Маркетинг