Во Штип предложени глоби за четири лица

Макфакс

07/04/2020

20:28

935

Големина на фонт

а а а

Основното јавно обвинителство Штип со предлози за издавање казнени налози од судија поединец во Основниот суд Штип побара на четири лица да им изрече парични казни во износ од 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од 20 евра во денарска противвредност.

Побараната парична казна е поради непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, предвидено и казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите во одделни случаи се движеле со патнички моторни возила во градот за време додека во сила бил полицискиот час, воведен со одлука на Владата, а за заштита и превенција од натамошно ширење на опасната заразна болест предизвикана од коронавирусот Ковид-19.​



Спонзорирани линкови

Маркетинг