Легенда на Атлетико: Пред фамозниот договор на салфета со Меси, Барса направи иста работа и со мене

Дерби

07/04/2020

17:06

1.350

Големина на фонт

а а а

Пауло Футре пред два дена испрати жестока провокација до фановите на Реал Мадрид преку социјалните мрежи, а бидејќи неговото видео прв го сподели „Мундо Депортиво“, угледниот каталонски весник сега одлучи да направи и кратко интервју со незаборавното крило.

Легендарниот играч на Атлетико Мадрид остави голема трага во шпанскиот фудбал и поради перформансите кои ги прикажа има посебно место во историјата на клубот од престолнината, но сега открива дека многу малку го делело да направи трансфер во Барселона, наместо во Атлетико.

– Бев навистина блиску до Барселона, до толку блиску, што веќе имав ставено потпис, каков-таков. Пред фамозниот договор на Меси потпишан на салфетка, имаше мој таков. Порто и Барселона постигнаа договор на салфетка во виенска пивница. Вистина е дека Кројф се обиде да ме купи во неколку наврати, најмалку трипати. Во паралелен универзум, се уште добивам топки од Куман во дрим-тимот. Но ако продолжиме со имагинацијата, претпочитам Кројф да не водеше нас, мојот Атлетико. Јас, Шустер, Маноло и останатите играчи, – вели Футре.



Спонзорирани линкови

Маркетинг