Заразен е министерот кој тврдеше дека вирусот е казна за хомосексуалноста...

Точка

07/04/2020

15:37

2.623

Големина на фонт

а а а

Израелскиот министер за здравство, Јаков Лицман е позитивен на коронавирусот, исто како и неговата сопруга Кава.

Во официјалното соопштение е наведено дека и двајцата имаат благи симптоми. Поради позитивниот тест на Лицман, сега во самоизолација е голем ден од израелската влада, вклучувајќи го и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Имено, во изминатиов период 71-годишниот Лицман редовно се појавуваше заедно со израелскиот премиер со кого ги објавуваа најновите податоци за ширењето на пандемијата на Ковид-19 во Израел и мерките во борбите против ширењето на вирусот.

Минатиот месец Лицман ја шокираше земјата откако изјави дека „коронавирусот е Божја казна поради хомосексуалноста“.


Лицман најави дека ќе продолжи да ја врши својата функција од својот дом.

Интересно е тоа што Лицман поради тоа што е припадник на конзервативна религиозна заедница, досега воопшто не се служел со компјутер, па поради овој случај, за првпат во неговиот живот му инсталирале компјутер и интернет во неговиот дом со цел да може да ја врши својата должност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг