Некои отпуштаат, а тие работат подобро: Оваа компанија пријавила раст на приходите во време на коронавирусот

Точка

07/04/2020

13:35

1.692

Големина на фонт

а а а

Samsung Electronics е еден од првите водечки технолошки гиганти кои објавиле податоци за заработка откако избила пандемијата на коронавирусот.

Во соопштението објавено денес се наведува дека приходите во првото тримесечје изнесувале 44,9 милијарди долари, што претставува раст од пет проценти во однос на истиот период 2019-та година. 

Се очекува оперативниот профит да порасне за 3 проценти, на 5,23 милијарди долари.

Деталните податоци за причините за приходите на Samsung се објавуваат кон крајот на април, но експертите претпоставуваат дека растот е причинет од тоа што се поголем број на луѓе работат од дома, а тоа бара компоненти на Samsung.

Сепак, неизбежно е дека компанијата ќе биде погодена од пандемијата поради очекуваниот пад во класичната продажба и проблемите во ланецот со снабдување, како и финансиската несигурност. Тоа можеби се уште не се одразува на приходите на компанијата, но многу работи зависат и од тоа колку долго ќе трае пандемијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг