Оваа земја го држи клучот за коронавирусот: Веќе успешно се борела против две епидемии, а прва ја применила одлучувачката мерка

Точка

06/04/2020

19:23

4.621

Големина на фонт

а а а

Јужноафриканската Република би можела да биде во предност во решавањето на епидемијата во однос на другите земји поради долгогодишната борба со ХИВ и туберкулоза и искуствата кои ги стекнала на тој начин, поради постоечката инфраструктура за спроведување на масовни тестирања.

Јужноафриканската Република е една од земјите со најголеми нееднаквости и бројна популација е подложна на развој на сериозни облици на COVID-19. 

И покрај тоа, оваа земја би можела да биде во предност во решавањето на актуелната епидемиолошка ситуација во однос на другите држави, а со оглед на годините кои ги посветила на борбата против ХИВ и туберкулоза, а посебено поради развиената инфраструктура за масовни тестирања кои Светската здравствена организација ги истакнува како клучен фактор во борбата против епидемијата.

Во Јужноафриканската Република мобилните единици за тестирање и скрининг центрите се распоредени во најгусто населените подрачја во кои, според проценките, живее 25 проценти од целокупното население на земјата, односно 57 милиони луѓе.

Во многу делови на оваа земја социјалното дистанцирање е практично невозможно со оглед на тоа дека големи семејства често живеат во една соба, како ни честото миење на рацете на места каде стотина семејства користат една славина. Токму во овие подрачја има голем број на луѓе кои боледуваат од туберкулоза или се заразени со HIV, и кои многу лесно можат да станат жаришта на сериозни облици на зараза со коронавирусот.

Јужна Африка била една од вкупно две африкански држави кои можеле да направат тестови за коронавирус во јануари, кога започнало неговото глобално ширење. Сега во Африка 43 држави се во можност да направат тестови, но тие можности и натаму се ограничени.

Од јужноафриканската Национална здравствена лабораториска служба било соопштено дека оваа земја моментално има можност да направи 5.000 тестови на ден, како и дека кон крајот на април таа бројка ќе изнесува 30.000. Тоа оваа земја ја става во врвот по бројот на тестирани лица во Африка и ја доближува до најразвиените светски земји.

Јужна Африка наскоро би требало да добие и нови тестови за коронавирус, кои даваат побрзи резултати. Системот за тестирање на туберкулоза, кој дава резултат во рок од два часа, и кој со години се користи во оваа земја, а е познат по името "GeneExpert", сега е употребен за развој на брзи тестови за COVID-19. Тестовите добиле одобрение од американската Управа за храна и лекови и се очекува да бидат испорачани во земјата за неколку недели.




Спонзорирани линкови

Маркетинг