Розовата месечина доаѓа за два дена: Еве каде може да се види и кое е нејзиното значење

Точка

06/04/2020

14:42

3.973

Големина на фонт

а а а

Во Велика Британија се очекува дека Розовата Месечина ќе биде видлива на 8-ми април. Полната месечина ќе го достигне врвот кога лунарната кугла ќе се положи директно спроти Сонцето.

И покрај своето необично име, месечината нема да биде розова. 

На ист начин, Јунската Јагода месечина не станува црвена, а Рибарската месечина во август не личи на риба.

Наместо тоа, името потекнува од индијанскиот начин за мерење на времето.

Според “Алманахот на стар фармер”, племињата по источниот брег на Америка именувале различни фази на Месечината според сезонските промени во пејзажот.

Се смета дека Розовата месечина го добила името по вид розов цвет кој цвета на почетокот на пролетта.

Ами Ниескенс од Алманахот на стариот фармер вели: "Априлската полна месечина е позната како Полна розова месечина бидејќи го најавува појавувањето на дивите приземни флокси или розовиот мов, еден од првите цветови на пролетта. Исто така е позната и според многу други имиња кои го најавуваат доаѓањето на пролетта, вклучувајќи го Месечината на пуштањето на тревата, Месечината Јајце и Рибја Месечина. Со време различни култури и давале други имиња на Полната месечина според месечевиот календар", вели таа.

Многу прекари на Месечината доаѓаат од културата на Индијанците, бидејќи за нивниот начин на живот циклусите на месечевите фази биле еднакво важни за методот за време, како и за подолгиот соларен циклус во годината – од каде потекнува модерниот грегоријански календар.

Бројот на имиња на Месечината малку се разликува од племе до племе.

Многу од тие имиња ги усвоиле колонијалните Американци и од тогаш се популарни.




Спонзорирани линкови

Маркетинг