Мајката на Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денес починала на Клиниката за пулмологија во Скопје, а посмртно ѝ бил земен брис за да се утврди дали причината за нејзината смрт е коронавирусот, пренесуваат од „А1он“.
Резултатите од тестот ќе бидат готови и пренесени во јавноста во текот на утрешниот ден.
„Таа починала денес. Имала тешка општа здравствена состојба. Посмртно ѝ е земен брис, но генерално досега немала наод за присуство на Ковид-19. Резултатите ги очекуваме, а штом ги добиеме ќе ја информираме јавноста“ – велат од кабинетот на претседателот Пендаровски.
Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска не се тестирани за новиот коронавирус, а дали ќе бидат тестирани зависи од резултатот на тестот на починатата жена.