Одговор на најчестото прашање: Дали коронавирусот може да се шири преку дишење или зборување?

Точка

04/04/2020

16:34

7.263

Големина на фонт

а а а

Како што знаеме, коронавирусот меѓу луѓето се шири по пат на респираторни капки кои што пак се шират преку кашлање или кивање.

Меѓутоа, научниците сега предупредуваат дека вирусот исто така лесно може да се прошири и низ воздухот, односно доколку заразените луѓе испуштат ситни честички при дишење или пак зборување, објавиле од американската Национална академија на науките во извештајот кој што во средата го доставиле во Белата куќа.

Како што се знае, во извештајот кој што го напишал д-р Харви Фајнберг, поранешен декан при Универзитетот Харвард, нагласено е дека дури и воздухот на луѓето кои што го изпуштаат при дишење и кои имаат коронавирус може да биде опасен.

Истражувањето кое што неодамна било спроведено во кинеската болница, докажало дека вирусот може да се задржи во воздухот.


Доколку коронавирусот се пренесува по пат на воздухот, тоа би можело да е објаснување зошто Ковид-19 е толку многу заразен и може да се прошири пред да се манифестираат симптомите кај луѓето.

Д-р Фајнберг и неговиот тим изјавиле дека носењето хируршки маски може да ја намали количината на вирусот кои што го шират заразените луѓе во воздухот.

Меѓутоа, во нивниот извештај не се наведува дали носењето заштитни маски може да ги заштити луѓето од коронавирусот.

Докторот изјавил дека и самиот тој ќе носи маска во јавноста како мерка на претпазливост против заразата, особено во затворени простории како што се маркетите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг