Биолози снимиле несекојдневна сцена на плажа: Со години биле отсутни поради луѓето

Точка

03/04/2020

14:30

8.671

Големина на фонт

а а а

Плажите на Палаван, главниот остров на истоимената покраина на Филипините, биле туристичко место, но сега се напуштени поради глобалната пандемија на коронавирусот.

Сепак, тие не се сосема празни бидејќи група биолози биле сведоци на илјадници розови медузи во океанот. Медузите со години биле отсутни поради човечката активност. 

Розовите медузи дошле до брегот и се издигнале на површината бидејќи повеќе не се чувствуваат загрозено во своето природно живеалиште. Експертите веруваат дека медузите живеат длабоко во морето поради присутноста на туристи, пренесува “Daily Mail”.

Коронавирусот на Филипините беше потврден на 30 јануари, а оттогаш се заразиле повеќе од 3000 лица, а починале повеќе од 130.

Шелдон Реј Боко, докторанд по морска биологија на универзитетот Грифит во Австралија, вели дека ги снимил медузите на 23 март на плажата Коронг Коронг во Ел Нидо.

“На медузите не влијаат ограничувањата поради коронавирусот”, се пошегувал Боко на Твитер.


Бени Антипорд од филипинското министерство за околина и природни ресурси изјавил за “Business Mirror” дека толкавиот број на медузи ги донела струјата, а затворањето ги спречило жителите на тоа подрачје да ги ловат.

Морскиот биолог Рајан Баринг вели дека медузите повеќе не се чувствуваат загрозено и можат слободно да пливаат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг