Министерот за здравство во Англија со предлог до играчите од Премиер лигата

Дерби

03/04/2020

11:37

1.337

Големина на фонт

а а а

Пандемијата од коронавирусот напаѓа и во Англија, па и на Островот фудбалот е во прекин, а фудбалерите се затворени по своите домови.

Министерот за здравство на Британија, Мет Хенкок јавно зборуваше за колективна одговорност и упати предлог до играчите од Премиер лигата да дадат придонес во тешката ситуација со тоа што ќе се откажат од дел од своите плати.

– Земајќи предвид како се жртвува нашиот народ, прва работа која играчите од Премиер лигата треба да направат е да придонсат во оваа тешка ситуација. Мислам дека треба да се согласат да им се намалат платите, - кратко изјави Министерот за здравство, Хенкок.

Засега играчите не се откажуваат од платите, а единствени кои прифатија намалување на платите се тренерите на Борнмут и Брајтон, Еди Хау и Грем Потер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг