"Повеќе од 95 проценти од починатите во Европа се постари од 60 години, но не е точно дека коронавирусот ги напаѓа само постарите"

Точка

02/04/2020

17:43

1.658

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 95 проценти од оние кои починале од коронавирус во Европа имаат повеќе од 60 години, но идејата дека COVID-19 ги погодува само постарите луѓе е погрешна, изјавил денес шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација во Европа.

Според зборовите на доктор Ханс Клуге, годините не претставуваат единствен ризик за тешко заболување, пренесува "Reuters". 

"Самата идеја дека COVID-19 ги погодува само постарите луѓе е всушност погрешна. Младите не се непобедливи", рекол тој на он-лајн конференцијата за новинари во Копенхаген.

Слични изјави изнесувал и директорот на Светската здравствена организација Тедрос Адхан Гебрејесус.

СЗО соопштила дека 10 до 15 проценти од луѓето помлади од 50 години имаат умерени или тешки симптоми.

"Тешки случаи на болеста се видени кај луѓе во тинејџерски години или во 20-тите години, на многумина им е потребна интензивна нега, а некои за жал и починаа" рекол Клуге.

Тој навел дека неодамнешната статистика покажува дека 30.098 луѓе починале во Европа, во главно во Италија, Франција и Шпанија.

"Знаеме дека повеќе од 95 проценти од овие случаи се појавиле кај постари од 60 години", рекол тој, а повеќе од половина од починатите се постари од 80 години.

Според зборовите на Клуге, повеќе од 80 проценти од починатите имале заболувања како кардиоваскуларни болести, хипертензија или дијабетес.




Спонзорирани линкови

Маркетинг