Скопјанец знаел дека има коронавирус, шетал низ Охрид и дома примил вработени од еден оператор

Макфакс

02/04/2020

11:26

8.259

Големина на фонт

а а а

Четириесет и четиригодишен скопјанец, кој се вратил од странство и кој бил позитивен на коронавирус наместо да биде во строга самоизолација, заминал во неговиот стан во Охрид, и бил во службените простории на еден оператор по што дома примил вработени кои му ја извршиле договорената услуга.

Против него е поднесена кривична пријава за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Според информациите на СВР-Охрид, Д.А.(44) од Скопје, на 13 март, кога од Австрија пристигнал во Северна Македонија, потпишал изјава за самоизолација, која ја прекршил на 20 март кога во Скопје се упатил во болничка установа со цел да изврши тест за коронавирус.

По медицинскиот наод дека е позитивен тој не почитувајќи ги медицинските препораки за строга самоизолација се упатил во неговиот стан во Охрид. Притоа, непречено се движел без заштитна маска и ракавици, а на 23 март бил во службените простории на еден оператор по што, во станот примил вработени кои му ја извршиле договорената услуга.



Спонзорирани линкови

Маркетинг