Пандемијата за неколку седмици направи пустош во Италија – еве зошто во оваа земја луѓето умираат во толку голем број...

Точка

02/04/2020

19:24

6.961

Големина на фонт

а а а

Италија веќе неколку седмици е загатка за здравствените експерти – како земјата со само 60 милиони жители може да има најмногу смртни случаи од коронавирусот, дури повеќе и од Кина?

Се разгледувале многубројни одговори, од несовесниот менталитет на жителите до големата старосна стапка. Едно од можнте решенија лежи во нешто што беа добри вести во било која друга година – сезоната на грип 2019-та/2020-та година, усмртила помал број на стари Италијанци отколку вообичаено, покажуваат податоците на италијанското министерство за здравство.

Постарите луѓе и хронично болните кои што ги поштедил грипот од ноември до јануари, станале голема мета на коронавирусот во февруари и март, пренесуваат од „Blumberg“.

Помалку смртни случаи од грип довело до ‘зголемување на базата на најзагрозени лица’, објаснето е во извештајот кој ги анализирал податоците од 19 италијански градови до 21-ви март.

Тие Италијанци во месец февруари биле изложени на коронавирусот, што можело да ги зголеми разорните последици од епидемијата.

Во северните региони на Италија, кои што забележале најмногу смртни случаи, смртноста на лица постари од 65 години во последната сезона на грип била околу 6 отсто пониска од просечната вредност на претходните години.

Во градовите на централна и јужна Италија смртноста била околу три отсто под вообичаената.

Бројот на смртни случаи од коронавирусот меѓу популацијата постара од 65 години до 21-ви март ја достигнала бројката од смртни случаи од вообичаен сезонски грип во последните две години.

Тоа што довело до тоа е тоа што оваа сезона на сезонски грип имала помала стапка на смртни случаи од претходните години, а причината за тоа се невообичаените ‘високи’ зимски температури.

Бројот на смртни случаи во Италија од коронавирусот вчера се зголеми за 727 и се искачи на 13.155. Меѓутоа, бројот на новозаразени луѓе е релативно стабилен во споредба со претходно и пораснал за 4.728, со што вкупниот број на инфицирани лица е 110.574 лица.




Спонзорирани линкови

Маркетинг