Шок во Кочани: Од болница му рекле дека мајка му е почината, купил ковчег, па ја нашол жива на интерното одделение

Точка

01/04/2020

17:50

5.132

Големина на фонт

а а а

Тоа што се случувало периодов во кочанската болница е трагикомично. На Благојче Дончев му се јавиле од болницата да му соопштат дека неговата мајка починала, тој почнал да се подготвува за погреб, но кога отишол да ја земе својата мајка - таа била жива.

Дончев доживеал вистински стрес кога му било соопштено дека мајка му починала во болницата во Кочани.  

Тој по неколку часа со погребална кола отишол да ја земе својата мајка, а кога пристигнал таму му кажале дека неговата мајка е жива.

Тој за Телма раскажал дека неговата мајка Јаворка Дончева има тешка здравствена состојба, по два доживеани мозочни удари.

Попладнето се јавил во болницата, а од таму му соопштиле дека неговата мајка е почината, и дека треба да биде земена од болницата. Дончев за "смртта" го известил поширокот семејство и пријателите.

– Во тек е истрага за случајот. Претпладнево вработени во болницата се повикани да дадат исказ во полициска станица. Истрагата треба да ги открие виновниците, истакна Александар Серафимов, директор на Општа болница Кочани.

Од семејството Дончеви велат дека очекуваат соодветни санкции за сите вклучени во случајот, а поради состојбата со коронавирусот не можат да ја посетат мајка си, па сите информации за нејзината здравствена состојба ги добиваат преку матичниот лекар, пренесува Нетпрес.

Неговата приказна во целост можете да ја слушнете во целост на прилогот на ТВ Кочани:



Спонзорирани линкови

Маркетинг