Михаела Јаневска со песна ја прослави победата над коронавирусот: “Многу сум среќна што сум конечно дома”

Точка

01/04/2020

14:40

2.506

Големина на фонт

а а а

Во светот секојдневно се зголемува бројот на заболени од коронавирусот, а во овој случај не е исклучок ниту нашата земја.

Но, она што можеби најмногу нè радува во овој период се позитивните вести за излекуваните пациенти. Една таква вест нѝ доаѓа и од Скопје. 

Михаела Јаневска објавила емотивна порака на својот Фејсбук профил заедно со видео на кое ја пее “Stand By Me” за да ги охрабри сите оние кои сè уште се борат со вирусот.

“Откако се изборив со корона вирусот и ја напуштив болницата со два негативни теста, се чувствувам како најсреќниот човек на светот. Многу сум среќна што сум конечно дома, бидејки своеволно отидов директно од авион во болница.

Големо благодарам до сите доктори и медицински сестри кои се грижеа за мене и продолжуваат да се грижат за сите останати.

Денеска пеам за сите нив и за сите пациенти кои се се уште во болница. Ова е за вас!”, напишала Михаела на Фејсбук.



Спонзорирани линкови

Маркетинг