Полицискиот час не го почитувале 89 лица, меѓу нив и осум малолетници

Макфакс

31/03/2020

16:03

608

Големина на фонт

а а а

Полицискиот час на ниво на цела држава синоќа не го почитувале 89 лица, од кои осуммина малолетници. Во врска со овие прекршоци приведени се 38 лица, а за останатите лица се изготвени записници.

Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 101 лице им се издадени решенија за изолација, а 40 лица потпишале изјава за самоизолација.

Oд страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што едно лице не било затекнато во својот дом.



Спонзорирани линкови

Маркетинг