Кинеската полиција донираше заштитна опрема за македонските колеги

Макфакс

31/03/2020

13:47

971

Големина на фонт

а а а

Кинеската амбасадата во Скопје денеска донираше медицинско-хигиенски материјали наменети за заштита на полициските службеници, кои заедно со здравствените работници се на првата линија во борбата со коронавирусот.

Како што информираат од МВР, оваа пратка е остварена на претходно барање од страна на министерот Наќе Чулев, а преку амбасадата на Народна Република Кина.

Чулев и денеска изрази благодарност, до како што рече, кинеските пријатели за хуманата донација изразувајќи надеж дека и во периодот што претстои ќе можеме да се потпреме едни на други во насока на глобално надминување на оваа пандемија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг