12-годишно девојче е најмладата жртва на коронавирусот во Европа: „Ова многу нè вознемири“

Точка

31/03/2020

14:07

2.084

Големина на фонт

а а а

Девојче (12), заразено со коронавирус, починало во болница во Белгија, пренесуваат денес многубројни медиуми.

Властите во Белгија во вторникот потврдиле дека 12-годишното девојче засега е најмладата жртва на коронавирусот.

Портпаролот на националниот кризен центар, Емануел Андре изјавил дека ова е “емотивно тежок момент затоа што вклучува дете, што ги вознемирило медицинските работници, но и целата јавност“.

„Мислам на нејзиното семејство и пријатели. Тоа е настан кој што е многу редок, но нас многу нè вознемири“ – додал Андре.


Засега не се познати никакви детали за девојчето.

Тој додал дека во последните 24 часа од оваа болест починале 98 луѓе, со што вкупниот број на жртви во таа земја пораснал на 705.

Досега во Белгија од коронавирусот има 12.770 заразени луѓе.




Спонзорирани линкови

Маркетинг