Научниците тврдат: Врвот на корона кризата во Германија ќе биде во јуни, би можеле да се заразат околу 1,3 милиони

Точка

31/03/2020

13:25

3.675

Големина на фонт

а а а

Во Германија пикот на епидемијата на коронавирусот ќе биде достигнат дури во јуни, тврдат научниците.

Тоа го пресметаа научниците предводени од Јоханес Гутенберг од Универзитетот во Мајнц. Според нив, на врвот од кризата со коронавирусот би можеле истовремено да заболат околу 1,3 милиони луѓе. Според прогнозите, крајот на епидемијата во Германиј се очекува дури во август.

Министрите за внатрешни работи на германските покраини на нивната телефонска конференција се согласиле дека ограничувањата на движењето на граѓаните и натаму треба да остане на сила. Според нив, мерките мора доследно да се применуваат и преземените мерки допрва треба да делуваат.

Според министерот за внатрешни работи на покраината Тирингија, Георг Мајер, засега нема точни информации какви резултати даваат мерките и затоа нивното укинување во овој момент не доаѓа во предвид.

Министерот за внатрешни работи на Германија, Хорст Зехофер апелираше граѓаните да ги почитуваат мерките затоа што тие спасуваат животи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг