Коронавирусот го заобиколил рајскиот остров: Еве каде на планетата нема заразени

Точка

31/03/2020

13:09

4.131

Големина на фонт

а а а

COVID-19 погоди повеќе од 500.000 луѓе ширум светот и доведе до илјадници смртни случаи. Но, се уште постојат неколку далечни места каде вирусот не заразил ниеден човек.

Едно такво место е Палау, сместено во северниот Тихо Океан. Има 18.000 жители, но уште не е забележан ниеден позитивен случај на COVID-19. 

Точката во океанот чиј најблизок сосед е на 100 километри, е окружена со огромниот Тихи океан, кој делувал како тампон против вирусот.

Строгите ограничувања во патувањата исто така помогнале во задржување на инфекцијата на патот за бројни нации и региони, вклучувајќи ја Тонга, Саломоновите острови, Маршаловиот остров и Микронезија.

Различната група ја сочинуваат и Самоа, Туркменистан, Северна Кореја и бази на Антарктик.

Но, далечината не е сигурна да го спречи немилосрдниот марш на новата болест. Островите Северна Марија ги потврдиле своите први случаи во текот на викендот, по што уследил сомнеж во смртен случај во понеделникот.

"Можете да почувствувате раст во тензијата и анксиозност само при купување", изјавил 28-годишниот уметник Кламиокл Тулоп за AFP.

Тој се надева дека може да се избегне судбината на Вухан, Њујорк или Мадрид - таму каде се пречекорени здравствените услуги со подобри ресурси.

На Палау имало неколку стравувања, вклучувајќи потенцијален случај кој ставил едно лице во карантин додека властите ги чекаат резултатите од тестовите.

Овие стравови и глобалното ширење на болеста довеле до економска парализа на островот.

Меѓу рафтовите во супермаркетите во најголемиот град Корор е невиден метеж, а недостасуваат и средства за чистење на раце, маски и алкохол.

Островот многу зависи од робата која се увезува, што значи дека резервите можат брзо да се намалат.

United Airlines имал 6 летови неделно од Гуам - каде има забележано повеќе од 50 случаи - но сега има само еден лет неделно.

Многу островјани зависат од туризмот, но работата веќе пресушува.

Жителите практикуваат социјално дистанцирање. Лекарите чекаат да пристигнат тестови од Тајван. Владата гради пет изолациски соби во кои ќе може да се примат до 14 пациенти.

Единствениот континент без вирус денес е Антарктикот. Таму нема потреба од социјално дистанцирање.

Северна Кореја итните мерки ги прикажала како неусловен успех во спречувањето на COVID-19, и покрај постојаните епидемии во соседна Кина и Јужна Кореја.

Но, изгледа дека државните медиуми даваат лажна слика за да им дадат надеж на обичните Севернокорејци.