Ова е единствената маска за која експертите тврдат дека е најефикасна против коронавирусот

Точка

30/03/2020

10:20

9.262

Големина на фонт

а а а

Граѓаните на САД приморани се сами да се снаоѓаат поради недостатокот на заштитни средства од коронавирусот.

Епидемијата коронавирус која што ја предизвикува болеста Ковид-19 со голема брзина се шири во САД, а заедно со неа исчезнуваат и маските N95. Станува збор за маски кои што до неодамна се користеа  за заштита од честичките на смогот, издувните гасови, гасовите од согорување и прашината.

Милиони Американци шијат заштитни маски од рециклирани ткаенини и други материјали. Експертите велат дека алтернативните методи не се доволно ефикасни, но можат да спречат поедини ширења.

Сепак маските кои што се направени во домашни услови не се погодни за спречување на ширењето на коронавирусот.

„Единствената маска која што Центарот за контрола и превенција на болест во САД ја признава како ефикасно заштитно средство е маската N95. Сите други кои што се направени во домашни услови служат како заштита за допир на лицето. При кашлање и кивање вирусот поминува дистанца од околу шест метри. Доколку сте здрави, маската не е од пресудно значење за спречување на болеста. Сите кои чувствуваат симптоми треба да останат дома“ – наведува помошнкот на Националната гарда Њујорк, капетан Мајкл Дојл.


Центарот за контрола и превенција на болести советува дека најдобра превенција за спречување на ширење на вирусот е да не излегуваме надвор. Исто така како што знаеме треба да се избегнува допирање на носот, устата и очите, а една од најпознатите мерки е темелно и често миење на рацете со сапун и вода во времетраење од 20 секунди.

N95 маски

Станува збор за маски кои што се прилепени до лицето и филтрираат најмалку 90 отсто од малите и големи честички во воздухот. Истите се препорачуваат и за употреба на здравствените работници кои што се борат против коронавирусот.

„Маската има улога да го контролира ширењето на вирусот и контаминација на околината при кашлање и кивање. Пациентите кај кои што е потврдена болеста или пак се сомневаат дека имаат Ковид-19, мора да носат маски“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг