Животот во Мадрид сред епидемија: „Не смееме да излегуваме на тераса. Ова е многу лошо, се плашам дека ќе има 10.000 починати од коронавирусот“

Точка

30/03/2020

09:23

2.770

Големина на фонт

а а а

Шпанија е втора држава во светот по број на починати пациенти од коронавирусот, по Италија, како и четврта земја по ред по бројот на заразени од коронавируот.

„Ова е многу лошо, очигледно дека продолжуваме со нашата грижа“ – вели 35-годишниот Гонзало Ксерон, жител на Мадрид во телефонски разговор за вести од својот стан.

Во Шпанија во саботата бројот на починати од коронавирус порасна за 832 луѓе, а тоа воедно беше најсмртоносниот ден во таа земја, а бројот на починати досега порасна на 5.690 луѓе.

Во само последниве четири денови бројот на починати се зголеми за 3.000 луѓе.

„Во еден момент ќе мора да се намали бројот на починати, но се плашам дека тоа ќе се случи за подолго време кога бројот на починати веќе ќе биде 10.000“ – вели Гонзало кој веќе две седмци се наоѓа во својот стан.

„Понекогаш кашлам, но нормално, без преголеми напори“ – напоменал тој.

Сестрата на Гонзало била во контакт со нејзината пријателка на која што ѝ е дијагностицран коронавирусот.

„Сестра ми не покажува никакви симптоми, очигледно не е заразнеа, а нејзината пријателка моментално закрепнува“ – вели тој.

Тој и неговата сестра живеат со ист стан, но комуницираат по пат на социјалните мрежи затоа што секој престојува во посебна соба или пак на оддалеченост од неколку метри.

На смени излегуваат на балкон каде што читаат книги додека сонцето сјае над Мадрид, најпогодениот регион во Шпанија.

На улците може да се забележат ретки жители кои што влегуваат во продавниците за да купат храна, лца покриени со маски ли пак луѓе кои што влегуваат во аптеките.

Сините градски автобуси се празни. Во средата вонредната состојба во Шпанија е продолжена до 11-ти април.

„Среќен сум што сум на балкон“ – вели Гонзало кој на 13-ти март само еднаш излегол од својот стан за да купи храна.

„Којзнае колку ќе трае ова“ – заклучил тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг