"Го изгубија лешот на мојот татко, не знаеме каде е"

Точка

29/03/2020

15:44

2.867

Големина на фонт

а а а

Бизарна приказна ни доаѓа од Шпанија, каде, покрај Италија, е најтешка ситуацијата во текот на пандемијата со коронавирусот.

Некогашниот претседател на Реал Мадрид, Лоренцо Санц, починал минатата недела како последица од новиот вирус на 76 години, а неговиот син со јавноста споделил неверојатна приказна. 

Имено, тој тврди дека лешот на неговиот татко е изгубен.

"Изгубивме траг каде е лешот на мојот татко. Првобитната идеја беше да се кремира во вторник, но церемонијата е откажана поради колапс на мадридската мртовечница, толку работа, толку тела...Не префрлија на централните гробишта Сан Исидро, но бидејќи таму беше невозможно да се заврши потребната работа, префрлени сме на Ескоријал", рекол Лоренцо Санц Јуниор за шпанските медиуми.

Ескоријал е место и гробишта на околу 40 километри од Мадрид.

"Ни се јавија да ни кажат дека не знаат каде е лешот. А сега не знаеме ни ние", рекол Лоренцо.

Неговиот татко ќе остане запаметен како претседател на Реал кој ја вратил славата на овој клуб, а Мадриѓани во текот на неговиот мандат освоиле две титули во Лигата на шампионите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг