Меган му забранила на Хари да го посети татко му бидејќи е позитивен на коронавирусот?

Точка

26/03/2020

20:36

2.880

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл наводно му забранила на принцот Хари да го посети татко му Чарлс, кој е позитивен на коронавирусот.

„Меган на Хари му рече дека под никакви услови не е во ред сега да патува било каде, а особено не да го посетува Чарлс кој е позитивен на коронавирусот“, рекол изворот за Дејли Меил.

Меган исто така рекла дека Хари редовно контактира со братот, принцот Вилијам и бабата, кралицата Елизабета.


„Таа рече дека светската криза всушност ги зближи, особено Хари и Вилијам. Хари јасно им даде до знаење дека ќе направи сè што може за да им помогне од Канада“, додал изворот.

Хари својот татко последен пат го видел на почетокот на овој месец. Јавно се забележани на 9-ти март во палатата Вестминстер.

Меган и Хари престојуваат со синот Арчи во дворец во Канада, а од персоналот побарале строго да се придржува до хигиенските протоколи и да носи заштитни маски и ракавици.




Спонзорирани линкови

Маркетинг