Прв играч од НБА лигата закрепна од короната, но камерман од натпреварот на кој играл се бори за живот

Дерби

26/03/2020

12:14

927

Големина на фонт

а а а

Кошаркарот на Детроит Пистонс, Кристијан Вуд целосно закрепнал од коронавирусот откако беше третиот кошаркар од НБА Лигата на кој му беше дијагностициран вирусот.

Оваа вест ја потврди неговиот агент, Адам Пенсак кој истакна дека играчот треба да има уште еден дополнителен тест кој и дефинитивно ќе ја потврди оваа информација.

Тимот на Вуд, Детроит играше против Јута само четири дена пред да стигне информацијата дека Руди Гобер е позитивен на коронавирусот. Се чини дека тој натпревар бил жариште затоа што се зарази и Донован Мичел, а заразен бил и еден од камерманите кои работат на пренос на натпреварите.

За разлика од кошаркарите, камерманот кој е во срединте 50-ти години за жал ја немал среќата како нив, па сега се бори за живот во болница во САД каде е ставен во индуцирана кома.



Спонзорирани линкови

Маркетинг