Почина популарниот ТВ готвач, последица – коронавирусот...

Точка

26/03/2020

11:27

6.223

Големина на фонт

а а а

Популарниот готвач Флојд Кардоз (60) починал како последица на опасниот вирус – коронавирусот.

„Со голема тага ве известуваме дека почина шеф Флојд Кардоз“ – објавиле од „Hunger Inc. Hospitality“ каде што овој популарен готвач работел.

Тие известиле дека Флојд знаел дека е позитивен на коронавирусот од 18-ти март, а во болница бил примен еден ден претходно, на 17-ти март.

Симптомите од опасниот вирус почнал да ги чувствува кога се вратил од Индија, каде што работел на снимање на серијата „Ugly Delicious“, заедно со актерот Азиз Ансари.

Флојд Кардоз на 17-ти март, кога бил примен во болницата, на социјалната мрежа Инстаграм објавил и селфи фотографија од болницата.

Очигледно дека овој популарен готвач не можел да се бори со оваа опасна болест, па завршил фатално.




Спонзорирани линкови

Маркетинг